521
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека Главниот штаб на Центарот за управување со кризи има извонредна комуникација со Владата.
-По наше барање Владата одржа итна седница, работите кои што ги кажа премиерот беа веднаш обезбедени, потребните одлуки беа донесени. Јас како раководител на тој главен штаб и на целата оваа кризна состојба сум во постојана комуникација со премиерот и на мене ми е сеедно дали премиерот е овде во Скопје или на било кое друго место. Од првиот пожар досега сме во постојана комуникација и секогаш кога имало потреба премиерот да се ангажира во одредена работа сум можел да го добијам во истиот момент, рече Ангелов