Ангелов: Со дронови ќе се откриваат подземните жешки точки во пожарот во Сарај

by Fokus

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција порача дека пожарот во Сарај е специфичен. Причина за тоа е откако ќе го изгасне, подземно се гледа само чад кој на некои места повторно избива во пламен.

„Припадници на специјалната полициска единица заедно со француските експерти ги изгаснаа сите жешки точки кои беа видливи. По нивното симнување повторно забележавме чад и се разви пожар во една точка. За утре е договорено 30 припадници на специјалната единица со соодветна опрема, придружувани од француските експерти и четворица Французи кои работат со специјални дронови со термални камери што можат да откријат и оган кој гори под земја, да ги најдат жешките точки што не се видливи од хеликоптер“, вели Ангелов.

Поврзани новости