460
Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов смета дека Љубчо Георгиевски е најдобро решение за избор за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ на местото на Никола Груевски.
-Има една перцепција дека во ВМРО-ДПМНЕ настана еден тежок судир меѓу старите вмровци и новодојдените новопечени вмровци. Ваквата состојба може да се надмине со лице со силен авторитет како што е Љубчо Георгиевски, кој е основач и прв претседател на партијата. Тој со неговиот авторитет може да направи помирување меѓу старите вмровци и новодојдените, од кои веќе некои се долго време во партијата – изјави Ангелов за Канал 5.