Се надевам дека веќе следната недела ќе имаме информации колкава е штетата и колку време ќе биде потребно истата да биде санирана, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одговарајќи на новинарско прашање.
-Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи. Се додека не се утврди колкава е штетата, се што ќе кажеме е непотврдено и ќе дојде во ранг на шпекулации. Добро е тоа што другата страна на мостот од страна на Железничката станица не е оштетена. Оштетета е само страна од Ист Гејт, каде што пожарот всушност и започнал. Што се однесува до другите мостови во градот, тие се безбедни, рече Ангелов.
Тој не даде одговор на прашањето кој го врши вештачењето на мостот, но „според неофицијални информации станува збор за врвни професионалци“.