486
Стојанче Ангелов си заминува од МВР за да може да ја води својата партија Достоинство. Сепак, тој од МВР ќе се префрли во М-НАВ (Македонска навигација) каде нема законско ограничување да може да раководи со политичка партија.
Тој денеска кажа дека на огласот за работното место во М-НАВ кадешто аплицирал, платата изнесувала 41.000 денари.
Ангелов вчера објави дека ќе си оди од МВР каде работеше како полициски советник, бидејќи сака да се реактивира политички, а законот не го дозволува тоа за полициските советници.