Стојанче Ангелов – директорот на Центарот за управување со кризи заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја посетија Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила, каде е и најстарото, исправно и добро одржувано возило „ФАП 13” од 1976 година.
Ангелов и Јанчев со пожарникарите размениле мислења за оперативните можности и досегашни искуства при гаснење пожари на отворено, особено за шумски пожари.
Од ЦУК информираа дека Ангелов изразил голема благодарност и им оддал признание на 30-те кавадаречки пожарникари кои се одѕиваат на секој повик за помош при пожари на територијата низ државата.
– При средбата со кавадаречките пожарникари и градоначалникот Јанчев, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, при кусо пробно возење на легендарниот противпожарен „ФАП 13”, лично се возеше заедно со еден од пожарникарите – се наведува во соопштението од Центарот.