Ангелов: Се разгорува пожар кај село Бељаковце, а гори и кај Ваксинце

by Fokus

Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на село Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува.

Ова се вели во видео пораката која на Фејсбук ја испрати директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Овој крак не успеавме да го изгаснеме и покрај дејствувањето на полицискиот хеликоптер кој се повлече поради тоа што веќе не се гледа. Ќе се обидеме со пожарникари да се пробиеме и да го изгаснеме, но не сум оптимист – рече Ангелов.

Тој информираше и дека кај Ваксинце има два пожари, од кој едниот сериозен. Според него, гори голема површина со трева.

 

Поврзани новости