632
Генералот Стојанче Ангелов беше резибран за лидер на Достинство, со што тој повторно се активира во политиката, откако неодамна се повлече на неодредено време, по избивањето на скандалот со неговиот кум од кој се откажа, Зоран Крстевски.
– Ние бранителите од 2001 година не се боревме за ваква Македонија во која ќе владее стравот и очајот, во која луѓето ќе се мразат едни со други, во која Македонците ќе се закануваат едни на други со убиства, ликвидации, бетонски плочи само затоа што имаат различно мислење за различни работи – вели Ангелов.
Тој предлага формирање на посебен оддел во рамки на обвинителството, составен од врвни обивнители, кои до крај ќе го истражат случајот со прислушуваните разговори,