Споменикот на УЧК во Липково е далеку од нашите очи, повеќе очи ни боди двоглавиот орел во Чаир, вели лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кој беше генерал на Тигрите за време на конфликтот во 2001 година.
-Суровата реалност – ние Македонците мора да научиме да се носиме со некои работи. Во 2001 имаше војна, но ОНА или македонската УЧК се крена да ја ослободи албанската земја од македонските окупатори. Војната заврши, во септември во 2001 УЧК се трансформираше во политичка партија. Над 55 отсто од Албанците тогаш гласаа за ДУИ, Албанците повеќе од половината и дадоа поддршка на ДУИ.
Треба да ја почитуваме одлуката на Албанците. Фамозната двојазичност денес не прави проблеми, Албанците ретко го користат во официјална комуникација, а двојазичноста беше воведена во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Во 20015/2016, во општина Чаир се изгради двоглав орел, имаше и тогаш жестока реторика. Ни боде очи, а оној споменик во Липково е далеку од очите за нас Македонците – рече Ангелов на ТВ 24.