Полицијата има информации за дел од подметнатите пожари, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во гостување на ТВ Сител.
Тој како што кажа, вчера во Кавадарци пожарникарите изгаснале пожар подметнат на четири точки, односно наишле на купишта гранки на четири места запалени одеднаш. Ангелов рече дека иам и други индиции за подметнати пожари, но не откри детали.
„Тие луѓе кои што сакаат да предизвикаат пожар нив нема да ги исплаши оваа забрана за движење. Во разговорот со министерот Тошковски и со директорот на БЈБ наидов на разбирање кај нив. Полицијата ќе даде макимално се од себе во превентивното дејство да имаме засилено движење на полиција, но и репресивно дејство. Мислам дека веќе имаат информации за неколку предизвикувачи на пожари“, рече Ангелов.