Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на гостување на ТВ21 зборуваше за регионалните центри на ЦУК.
Тој рече дека од 300 вработени во ЦУК, многу малку се функционални.
„Партизацијата е сериозно навлезена во сите институции, и за тоа сите одбиваат јавно да зборуваат. Такви луѓе кои апсолутно немаат никаква врска со работата која ја работат, внесуваат повеќе штета од корист. Како некој да се вработи во ЦУК на пример, а нема никаква допирна точка со оваа работа. Во ЦУК имаме вработено 300 лица, но бројката на функционални лица е далеку помал“, изјави Ангелов.
„Некогаш и од контролата за летање можеме да добиеме информација за пожар, пилотите на комерцијални летови пријавуваат во контролната кула, а потоа тие кај нас“, рече Ангелов и кажа дека и мал пожар, може за кртко време да прерасне во голем.
На прашање која е причината за пожарите во Македонија, рече:
„За жал тоа е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино“ – кажа Ангелов.