Ангелов: Овие пожари ни ги покажаа слабостите за кои бевме свесни

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека од моментот кога започнаа првите пожари до денеска имало вкупно 106 поголеми шумски пожари од кои најлошиот беше тој што ги зафати општините Берово, Пехчево и делумно Делчево којшто е успешно изгаснат.

Во моментов, како што посочи, активна поддршка на Главниот штаб за управување со кризи даваат инструктори од САД.

– Овие пожари ни ги покажаа слабостите за кои бевме свесни, но овој пат постои црвста намера при ЦУК и ДЗС, да дадеме се од себе да направиме брзи, длабоки реформи со кои ќе ги отстраниме сите согледани недостатоци. Активно подготвуваме план за реформи. Ќе формираме широко тело кое ќе се зафати со овие коренити реформи и верувам во следните месеци ќе успееме да ги поставиме основите на новиот систем за управување со кризи, единствен систем кој ќе ги опфати сите чинители кои се расфрлани во неколку институции, рече Ангелов.

Поврзани новости