751
Првиот човек на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ги прокоментира вчерашните внатрепартиски избори во СДСМ и редовниот изборен конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа ќе донесе „нови ветришта“.
-Се разбира, доколку доктрината која беше најавена на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ не се сведе само на мртви букви на хартија. Се надевам дека искрено ги мислат работите. Исто така, сметам дека новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе донесе нови ветришта во СДСМ – рече Ангелов на ТВ 24.
Тој додава дека е оптимист оти негативната реторика ќе се намали во следниот период, истакнувајќи дека можно е помирување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.