Ангелов објави видео од евакуација: Очајните сопственици не сакаат да ги напуштат домовите

by Фокус

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од евакуација на жители во светиниколското село Немањица, каде беснее огнена стихија.

„Во многу села очајните сопственици не сакаат да ги напуштат своите домови бидејки се се што имаат тие. Но сепак животот и здравјето секогаш треба да бидат на прво место. Останувањето во куќа околу која беснее оган може да доведе до трагични последици. Вакви примери вчера имаше на повеќе места, вклучително и во светиниколското Немањица“, напиша Ангелов.

Поврзани новости