Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека вчера имало повеќе од 35 активни пожари кои што најголем дел успеале да ги изгаснат.
Според Ангелов, дел од пожарите горат со денови и се поголеми.
Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.
“Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни.
Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера, рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак.