Стојанче Ангелов – директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов синоќа направи „селфи“ со пожарникарите кои се бореа со огнот кај селата Бељаковце и Руѓенце.
„Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари, но функционални куќи од с. Бељаковце, вклучително и две помошни простории во ова село. Но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце“ – напиша Ангелов на Фејсбук.
По двочасовна неизвесна борба со огнот во текот на ноќта, успеле целосно да го изгаснат овој голем пожар.
„На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, вторник наутро, пожарот не покажува никакви знаци на горење. Изгорената површина најверојатно е значително поголема од 100 ха, дополнително ќе излеземе со поконкретна проценка“, заклучи Ангелов.