Достоинство објавува дека ќе додели награда од милион евра за обвинителот што ќе го притвори и уапси Никола Груевски.
„Досега, да беа чесни и храбри, обвинителите ќе имаа притворено половина Влада. Додека ние секојдневно ги повикуваме да ги разбудиме обвинителите да постапуваат по закон, го повикуваме Груевски и министрите да си поднесат оставки, зошто само така, малку ќе го обелат извалканиот образ.
Ги држите со страв своите, ни тие не ве сакаат, а не пак народот“ изјави Стојанче Ангелов пред МРТВ.
„Ако слушавме дека само за два автопата украле 25 милиони евра, тогаш ги прашуваме колку украдоа од СК 2014, од гасоводот, и од сите други инфраструктурни проекти.
На почетокот од нивниот мандат не уверуваа дека градат, а сега сфаќаме дека крадат“, рече Ангелов.
Тој најави дека ќе има протетсти секој ден во 19 часот, а секоја сабота ќе прави се поголеми протести, како единствен начин да се ослободи МРТВ од партиските стеги.