Ангелов: Крстот нема да падне

by Fokus

„Крстот нема да падне. Првиот човек на Општинскиот инспекторат во Тетово, Садат Сулејмани изјавил дека е донесена одлука за уривање на крстот во дворот на црквата на Попова Шапка но веднаш дополнил дека во Тетово има над 5.000 решенија за уривање на различни објекти и дека крстот ќе биде отстранет тогаш кога ќе му дојде ред. Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред“ пишува меѓудругото на Фејсбук директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој на социјалната мрежа пишува дека „во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот“.

„Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион. Најавениот протест против крстот на Попова Шапка кој треба да се одржи во очи на нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци. Се надевам дека нивниот број ќе биде мал“ се вели во објавата на Ангелов.

Поврзани новости