Ангелов: Ќосето е херој на македонската борба за слобода и заслужува споменик, ама не пред Судот

by fokus

Стојанче Ангелов денеска напиша дека Андон Ќосето (1854-1953) е херој на македонската борба за слобода, лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. Тој смета дека Ќосето заслужува споменик на некое репрезентативно место, но не пред Судот.

-За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата. Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

 

Поврзани новости