Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов смета дека промената на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство треба да се случи што поскоро и ги поддржува измените.
-Нашиот став на почетокот беше тврд и дека не треба да се попушти на Бугарија, но гледајќи ја целокупната слика, сметаме дека Бугарите час поскоро да се внесат во Уставот, бидејќи тоа ќе ги откочи преговорите. Од друга страна цврство сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема да даде поддршка се додека не се одржат вонредни или редовни избори.
По нив, не знаеме што ќе се случува, но илузорно е да очекуваме влез на Бугарите во Уставот до изборите. Владата е свесна за тоа, имаат повеќе информации, рече Ангелов во емисијата „Студио 10“.
Тој не гледа причина Владата да не остане до последниот ден пред одржувањето на редовните парламентарни избори.