Ангелов и поглаварот на ИВЗ Фетаху го осудија национализмот

by Фокус

Првите луѓе на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и Екрем Зендели, на денешната средба во Ријасетот со поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, заеднички го осудија радикализмот и национализмот.

„Искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Ангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот државен врв, нагласувајќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат: Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија, искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата, работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи“, стои во соопштението.

На средбата, се додава во соопштението, претседателот на ИВЗ го изразил задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, вклучително и со ЦУК.

Поврзани новости