Стојанче Ангелов го повика Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да покренат референдумска иницијатива за Законот за јазици и да ја достават до Собранието на Република Македонија. Тој во интервју за „Низ призма” вели дека ако опозициската партија тоа го стори, граѓаните ќе имаат можност да кажат дали овој Закон за јазици е добар или лош.
-Во Македонија генерално постојат дев гледишта за носењето на Законот за јазици, едното е дека начинот на кој што се донесе Законот за јазици е неуставен, незаконски и со кршење на Деловникот на Собранието на Република Македонија, а другиот дека може и вака да помине. Не сум сигурен дека Законот вака смееше да биде донесен, смета генералот Стојанче Ангелов.
Тој смета дека со однесувањето во Собранието Груевски сакал да го поврати нарушениот имиџ.
-Кога беше донесен Законот за јазици видовме реакција од ВМРО-ДПМНЕ и од поранешниот лидер, Никола Груевски. Според мене сметам дека ова е сценарио со кое што тој сака да поврати дел од нарушениот патриотски имиџ. Но, тоа не поминува кај граѓаните бидејќи истурање чаша вода делува смешно и детски. Ако Груевски беше толкав маж и беше решен да ја брани татковината од овој закон, кој што според нив ќе ја распадне Македонија требаше да преземе нешто друго. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да покренат легална, законска референдумска иницијатива и нека соберат 150 илјади потписи. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ тоа може да го направи за неколку дена и нека го достават референдумот до Собранието. Па сите граѓани на референдум да се изјаснат дали овој Закон е добар или е лош”, вели во интервјуто Ангелов.