Ангелов: Го сменив мислењето за Филип Петровски, му оддавам признание дека бил ветеран во конфликтот

by fokus

Откако пред неколку месеци излезе информацијата дека Филип Петровски бил на воените фронтови во 2001 година, социјалните мрежи почнаа да прават сеир од тоа.

Меѓу нив беше и генералот Стојанче Ангелов. Сепак, откако информацијата испадна дека е точна, Ангелов му се извини на Петровски.

„Не реков дека е ветеран на Твитер, туку мислев дека е шега на Твитер тоа. Не знаев дека навистина бил. Потоа, на Твитер излегоа безброј фотографии со Филип од различни фронтови во различни ситуации. Го сменив мислењето. Секако дека му оддавам признание дека бил ветеран“, рече Ангелов во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

Поврзани новости