Генералот Стојанче Ангелов во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека партијата Достоинство на последните два изборни циклуса понудила прекин на преговорите со Грција, но граѓаните ним им дале само осум илјади гласови, додека најголем дел гласале за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партии кои преговараат за името.
-Од она што можевме да слушнеме од Заев тој ги повика сите граѓани да го следат за предлогот, но на крај ќе се од ина референдум, конечната одлука ќе ја имаат граѓануте. Ниепо викувавме на прекин на преговорите, но граѓаните не ни ја додоа довербата, така што граѓаните масовно ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тие и двете преговараат и преговараат за името, и ние мораме да ја почитуваме волјата на граѓаните. Ние сме мал политички субјект, граѓаните одбраа преговори за името. Во нашата коализија има голема демократија, но во коалицијата главен играч е СДСМ, рече Ангелов.