Aнгелов доби поддршка и од Мицкоски и од Ковачевски за бранителите

by Фокус

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов истакна дека добил поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за праведно обештетување на четворицата ранети бранители од 2001-та година.

-Во текот на оваа недела делегација на Достоинство оствари работна средба со Мицкоски кај кој наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека ова иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон – рече Ангелов.

Тој нагласи дека вчера имал и телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива.

Поврзани новости