На денешен ден пред 20 години, со заземање на Тетовско кале од страна на припадници на тогашната ОНА и напад врз полициските сили потоа, започна воениот конфликт во Македонија.
Полицискиот генерал и учесник во војната Стојанче Ангелов денеска се присети на сите немили настани, кои направија воено жариште во северниот и северозападниот дел на Македонија.
Тој се осврна и на вчерашното појавување на вицепремиерот Артан Груби на 40-годишнината од формирањето на единицата „Тигар“.
„Вчера вицепремиерот Артан Груби направи убав чин – застана пред споменикот на загинатите ‘Тигри’, меѓу кои има и загинати припадници во борбите од 2001 година. Но денес, некои припадници на УЧК излегоа со соопштение со кое го осудија овој негов, всушност, хуман гест, притоа укажувајќи му дека ‘Тигрите’ убивале Албанци. Тоа не е точно. Македонските бранители не убиваа Албанци, туку само си ја бранеа татковината“, истакна Ангелов за Канал 5.