60
Ангелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија.
Досегашен в.д. директор беше Даниел Лазаровски, кој беше на функцијата од септември минатата година.
Синдикалната организација на Филхармонија минатата недела поднесе петиција до Министерството за култура за разрешување на Лазаровски, поради како што рекоа, неправилности во работењето и низа незаконски постaпки.
На ова, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и дека тој ќе биде соодветно санкциониран.