Ангела Анчевска од Куманово и донесе круна на Македонија на популарниот избор ,,Miss Freedom of the World” кој се одржа завчера во Призрен, Косово.
Таа ја освоила титулата прва придружничка, додека победничка на изборот била девојката од Мексико, а пак девојката од Португалија била избрана за втора придружничка.
Ангела (20) која е од Куманово веќе две години работи како модел. Таа студира на Филозофски факултет за Безбедност, одбрана и мир. Нејзина следна дестинација била Кина, каде ќе учествувала на еден од најголемите интернационални избори за модели. -Изборот ,,Miss Freedom of the World” се одржува веќе осум години.
Девојки од 15 држави земаа учество на овогодинешното финале, кое се одржа во Призрен на 17 – ти. Тие пристигнаа во Призрен уште на 8-Ми овој месец и имаа настапи и презентации во повеќе градови во Косово.
Македонија постигна голем успех, и веќе следна дестинација на Ангела е Кина – ни изјави Роберт Граматиков, кој е национален директор на изборот.
Вики Клинчарова