Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се вакцинираше против Ковид-19 со вакцината „АстраЗенека“, јави Дојче Веле.
Канцеларката Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе соопшти дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред.
И претседателот Франк-Валтер Штајнмаер претходно се вакцинираше, исто така, со вакцината „АстраЗенека“, и притоа изјави дека има доверба во вакцините што се одобрени во Германија.
По препорака на германската Централна комисија за вакцини, од почетокот на април само лицата на возраст над 60 години се вакцинираат со „АстраЗенека“. Министрите за здравство на федералните провинции пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија „АстраЗенека“ како прва вакцина, на ревакцинацијата да добијат Фајзер / БиоНТек или Модерна.