521
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му честиташе на Борис Џонсон за изборот на лидер на британската владејачка Конзервативна партија и истакна дека се радува на идната соработка со него.
– Нашите земји треба и во иднина да бидат поврзани со блиско пријателство, истакна Меркел.
Џонсон од утре ќе биде и премиер на Велика Британија. Тој вети дека Велика Британија до крајот на октомври ќе излезе од Европска унија со или без договор.