956
Ангела Ѓорѓиевска е осудена на 19 години затвор за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино.
Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.
Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.
Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.