241
Поради разгорување на пожарот кај Ајватовци на два крака, два полициски хеликоптера се вклучени во гасење на пожарот кај Ајватовци.
Ова денеска го изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Тој вели дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада, но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, со поддршка на локалното население.
Ангелов претходно информираше дека пожарот е активен само на еден крак и останатите делови се изгаснати, но по разгорување на првиот крак ангажиран е полициски хеликоптер, а сега веќе и втор полициски хеликоптер по разгорувањето на пожарот на два крака.