572
Советот на јавните обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се избере заменикот на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кој би ја извршувал оваа функција се до изборот на нов јавен обвинител во Собранието. Седницата беше прекината поради немање кворум и се одложи за 29 август.
-Шеф на Републучкото јавно обвинителство ќе биде избран обвинител од редот на постојните јавни обвинители во Државното јавно обвинителство. Обвинителката од Скопското јавно обвинителство, Гордана Гешковска, не влегува во изборот за привремен заменик на Зврлевски – рече Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители.