Катица Јанева незаконски, неетички и непрофесионално, без никаква претходна најава, ги избркала од работа двете специјални јавни обвинителки,обвинителки од Специјалното обвинителство, Лејла Кадриу и Марија Ѓоргева, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по седницата на која се разгледувал и овој случај.
– По обемната дискусија, разгледувајќи ги изјавите дојдовме до заклучок дека Јанева во конкретниот случај го прекршила Законот за работни односи и обвинителство така што без да спроведе постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош го повикала некој од судските полицајци кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека во писменото обраќање на Јанева дека тие сами побарале да заминат тоа не е точно, категорични се двете обвинителки – рече Аневски.
Тој најави дека Советот на идната седница ќе одлучува за нивниот работен статус, односно дали ќе биде намелен бројот на обвинители на 10 или тие ќе останат во СЈО.