Аневски: Јанева да соработува со Советот на јавни обвинители заради владеењето на правото

by fokus
Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, кој денеска го претстави Извештајот на Советот пред собраниската Комисија за политички систем, ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева на соработка и заради, како што рече, заедничко постигнување на владеењето на правото.

Аневски вели дека во моментов во Македонија има две јавни обвинителства и оти не знае како во иднина Специјалното јавно обвинителство ќе се вклопи во јавнообвинителскиот систем во земјата.

“Не знам како ќе се вклопи Специјалното јавно обвинителство во иднина во јавнообвинителскиот систем бидејќи Уставот како највисок правен акт предвидува во член 106 дека Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела со закон. Во овој случај сега имаме на еден начин две јавни обвинителства”, рече Аневски.

Неговите очекувања биле дека Советот на јавни обвинители и Специјалното јавно обвинителство ќе имаат одлична соработка по изборот на Јанева и оти законот целосно ќе се почитува.

Поврзани новости