Фолк пејачката Анета, која стана позната како вокалистка на групата ,,Молика”, по веста дека се разведува со сопругот Џими Мицевски, кој е фронтмен на групата, започна со соло настапи.
Таа веќе пеела на првата иселеничка забава во организација на Пикси Шанел, а најавен е нејзин настап и на втората иселеничка забава, која ќе се одржи во Битола на 11-ти август.
Покрај Анета, гостуваат и Марјан Коцев и групата ,,Маестрал”.
Како што дознава ,,Фокус”, Анета која сега настапува под моминското презиме Љумаковска, ќе пеела заедно со ,,Молика” на веќе договорените свадби и семејни веселби, а ќе била дел и од австралиската турнеја на бендот која ќе започне во декември.
Триесетидевет-годишната битолчанка започнала да се занимава со музика уште како дете, и на свои девет години настапила на детски музички фестивал. Потоа стана дел од групата ,,Молика”, на која и донесе голема популарност.
Со Џими Мицевски ја имаат ќерката Моника, а тој има син од првиот брак, кој исто така е музичар.
Најави за ангажирање на нова пејачка во групата, барем засега нема.
Вики Клинчарова