Анета Наковска им пееше на иселениците во Канада за време на велигденскиот ручек, ќе ги забавува и на Комитска вечер

by fokus

Голем број на нашинци кои живеат и работат во Канада вчера биле дел од големата Велигденска прослава, која се одржала после богослужбата по повод Христовото Воскресение. По богослужбата, присутните имале велигденски ручек со жива музика во МПЦ Свети Илија во Мисисага, на кој ги забавувала пејачката Соња Лозановска, а нејзе и се приклучила и Анета Наковска.

Дел од присутните објавија видео снимки од настанот на кој настапуваат пејачките, а веќе е најавено и одржувањето на Комитска Вечер, на 22-ри април, во истата црква.

На Комитска вечер како музички гости повторно се најавени Анета и Соња, како и Стив Шуревски и Оливер Бенд.

Традиционално, по повод Велигденските празници, многу наши фолк пејачи заминаа во странство, каде се одржуваа концерти пред нашата дијаспора.
Лозано и Некст Тајм се во Австралија, а таму се уште трае и турнејата на Сузана Гавазова и Борче Наумовски – Министерот.
Благоја Грујовски, Ивана Наумова и Дали Бенд пак, гостуваа во Германија, Елена Јовческа во Италија, Сања Ристеска исто во Австралија.

Поврзани новости