Вокалистката на битолската група Молика, Анета Мицевска ја најави турнејата во Австралија.
По пауза од околу три години, поради актуелната пандемија, членовите на Молика на почеток на октомври започнуваат со настапите во Австралија, кои ќе траат се до крајот на ноември.
-За кратко време ќе бидат објавени сите концерти со точен датум и во кои градови ќе гостуваме. Турнејата е во соработка со Македонското друштво Јане Сандански од Мелбурн, со огромна радост и задоволство ве известуваме дека ќе имаме турнеја во Австралија по три години пауза– информира Мицевска.
Во меѓувреме, групата најави настапи во Швајцарија на 16-ти април и во Италија на 17-ти април.
Во март пак, гостуваа во Австрија. Групата важи за една од најбараните во дијаспората. За фронтменот на групата и сопруг на Анета, Џими Мицевски пред две години Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име ,,Транспортер“ за казна затвор од 2 години и 6 месеци.
Тој беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски беше должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари. Тогаш тој јавно се огласи и порача дека не е виновен, како и дека ќе оди до последниот суд во Македонија за да ја докаже невиноста, а ако има потреба, ќе бара правда и во Стразбур.
Вики Клинчарова