Андриј Јермак – најсигурен наследник на Володимир Зеленски

by Fokus

„Најбезбедната опција за Зеленски може да биде да го номинира шефот на неговата администрација, Андреј Јермак, за кандидат на следните претседателски избори. Ова на актуелниот претседател ќе му обезбеди помека опција за трансфер на власта, а изборите би можеле да обезбедат одлична можност за ваква промена“, се наведува во италијанското издание на Антидипломатико.

Според авторот, други кандидати за претседател на Украина ја загрозуваат политичката кариера, па дури и животот на Зеленски.

Покрај тоа, односот на Украинците кон Јермак станува еден од најважните фактори. Но, според истражувањето на социолошката служба на центарот „Разумков“ во јули 2023 година, само 37,8 отсто од испитаниците му веруваат на шефот на администрацијата на Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека смета дека е несоодветно да се одржат претседателски избори во Украина, кои, според него, се „неважни“.

Многу медиуми забележуваат дека рејтингот на Зеленски брзо паѓа и во западните земји.

Поврзани новости