Андреј од Скопје во трка за најубав маж: Ќе му покажам на светот какви момци има Македонија!

by fokus

Актуелната пандемија со Ковид-19 одложи голем број на забавни и културни настани ширум светот. Сепак, кога е машката убавина во прашање, организаторите на интернационалниот избор ,,Мистер Пацифик Универс” не се откажуваат од настанот и оптимистично најавуваат дека истиот ќе се одржи во февруари наредната година во Перу, Јужна Америка.

Оптимист дека вирусот ќе биде ставен под контрола до наредната година е и Андреј Боцевски од Скопје, кој ќе ја претставува нашата земја на интернационалниот настан.

Инаку, Боцевски има 22 години и тренира боречки вештини.
Вработен е во казино Фламинго во Скопје, а зад себе има низа на соработки со познати модни брендови, каде се појавува како модел.
Вели дека со гордост ќе ја претстави нашата земја на настанот.

-Културата, уметноста и забавата претрпеа големи загуби поради панедмијата. Сите овие индустрии запреа пред вирусот и чекаат подобри времиња. Сакам да верувам дека веќе на почетокот на наредната година состојбата ќе се нормализира и ќе продолжиме да си го враќаме стариот живот назад. Изборот за Мистер е закажан во февруари, работам на себе во меѓувреме, ја одржувам добрата форма, и многу ќе бидам среќен ако на Македонија и донесам вредна титула, со која ќе му покажеме на светот дека нашите мажи имаат што да понудат кога се овие избори во прашање – раскажа Андреј.

Вики Клинчарова

Поврзани новости