„Електрична енергија ќе добиваме од нашето, македонско Сонце, кое е наш симбол, симбол на републиката и нашето знаме, а за тоа Сонце во една кампања велевме дека ‘И Сонцето е европска ѕвезда’“ рече Митко Андреевски од ЦНГ Системи на трибината „Ние сме Европа“ во Куманово.
Тој додаде дека местото на македонските граѓани и македонските компании е во Европа и географски и астролошки.
„Зошто сум поддржувач на европските вредности? Бидејќи Европа ни дава знаење, know how, како оваа земја да стане независна во снабдувањето со електрична енергија. Знаат да не поддржат и со средства и подаваат рака за да станеме Европјани“ рече Андреевски.
Тој додаде дека во време на најголемата енергетска криза, кога цената на природниот гас порасна за 10 пати, ЕУ донесе храбри одлуки за тоа каде сака да ја види Европа.
„Тогаш се носат одлуките за Зелениот договор и за елиминирање на сите фосилни горива со проекција тоа да се заврши до 2050 година. Замислете го светот околу нас дека ќе се движи без нафта“ рече Андреевски.