Андреа: Ова е најпрекрасното чувство што го имам доживеано!

by fokus

Нашата евровизиска претставничка Андреа со воодушевување зборуваше на својата прва техничка проба, во Пала Олимпико во Торино, Италија каде годинава се одржува натпреварот за песна на Евровизија, информира Јавниот сервис МРТ.

-Се надевав на добра проба, но ова е уште подобро. Сцената е огромна и пресреќна сум. Бескрајно сум благодарна за ова искуство.
Едвај чекам да дојде 12-ти мај и да ви покажеме што имаме сработено. Ова е најпрекрасното искуство што го имам доживеано, изјавила таа на официјалната прес-конференција по пробата.

Следната проба Андреа ќе ја има на 6-ти мај и тоа со целосна костимографија и шминка.
Македонската евровизиска делегација замина во Италија на втори мај. Андреа ќе настапи на 12-ти мај, на втората полуфинална вечер, на 66-то издание на Евровизија.

И покрај тоа што од МРТ пишуваат дека официјалниот канал на Евровизија на своите мрежи пробата на Андреа ја опишал како импресивна, сепак според котирањето во обложувалниците, нашата претставничка веќе подолг период постојано е на последното, односно 40-то место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости