Нашата евровизиска претставничка Андреа вчера го прослави 22-от роденден. Таа објави фотографија со роденденската торта и се заблагодари на честитките.
-Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене, така и за сите. Знаете која ми е роденденска желба, затоа што е заедничка – порача младата пејачка.
Таа ќе ја претсави Македонија на музичкиот настан во Торино, Италија, на 12-ти мај, во втората полуфинална вечер со песната ,,Circles”.
Во интервју за ,,Фокус” од пред неколку дена раскажа дека е свесна за одговорноста која ја носи, и ќе даде се од себе да ги задоволи високите очекувања.
Појасни дека песната е снимена на македонски јазик и така ќе остане, бидејќи доколку се правел превод од англиски на македонски, и се поставеле слоговите по тактови, се губела првичната замисла.
-Ја сакам Македонија со цело срце и ги сакам јазикот и културата. Но, сакам да ја надминам Евровизија и да бидам македонската претставничка за светот. Не може постојано да ги затвораме мислите и срцата кон надворешниот свет, туку треба да му ја донесеме националната перспектива на јазикот кој светот го разбира- раскажа таа во интервјуто.
Вики Клинчарова