Македонската евровизиска претставничка Андреа, заедно со нашата делегација вчера замина во Торино, Италија, каде на 12-ти мај ќе настапи на музичката манифестација Евровизија 2022.
Веќе за денес била закажана првата техничка проба во Пала Олимпико, со што за прв пат младата пејачка ќе се соочи со вистинската евровизиска сцена.
-Од денес, се до втората полуфинална вечер на 12-ти мај, со амбиции и желби и за финалето на 14-ти мај, евровизиската агенда е исполнета со бројни настапи, средби со медиуми и прес-конференции, а секако во фокусот се техничките и генерални проби кои директно влијаат на финалниот настап на Андреа.
За сите понатамошни евровизиски активности редовно ќе ве информира Јавниот Сервис- порачаа од МРТ.
Сепак, колку точно членови брои македонската евровизиска делегација и колку вкупно средства од буџетот се одвоени за Евровизија 2022, од Јавниот сервис немаат соопштено.
На често поставуваното прашање од медиумите до шефицата на евровизиската делегација, Мери Попова, колку пари се даваат за учество на настанот, таа нема конкретно одговорено во годините наназад.
Вики Клинчарова