Лично го познавав Тито и сè уште сметам дека Југославија можеше да влезе во тогашната Европска Унија како цела земја. Од јуни 1978 година до 2 април 1980 година, во име на југословенската влада, како член на Сојузниот извршен совет, бев шеф на делегацијата во преговорите со ЕК. Договорот, потпишан на 2 април, предвидуваше следниот чекор да биде асоцијација, проследено со полноправно членство на Југославија во ЕК. Јас го покривам тој период во една од моите нови книги, вели политичкиот ветеран, поранешен и долгогодишен претседател на македонскиот парламентот Стојан Андов во интервју за белградски „Данас“.
„Генерално, фактот дека преговорите што ги водев беа можни беше знак дека Тито оди кон полноправно членство. Во спротивно, овие преговори не би биле можни. Во тоа време, високи функционери на ЕУ ми рекоа, а сигурно им рекле и на другите претставници на поранешна Југославија, дека е можно Југославија, заедно со Португалија и Шпанија, да станат членки на ЕУ. Со смртта на претседателот Тито, таа веројатност исчезна“, вели Андов.
Во врска со изјавата на македонскиот премиер за „Бугарите како администратори“, Андов оценува дека Зоран Заев честопати даваше различни изјави во овој краток период, ама, како што вели, преовладуваа точни ставови.
„Мојот впечаток е дека она што го рече Заев е негов обид да му помогне на бугарскиот премиер Бојко Борисов да победи на изборите на 28 март. Сепак, се покажа дека не вреди да се „коле вол за килограм месо“ и Заев со таа изјава предизвика голем отпор и неприфаќање во македонската јавност. Се создава впечаток дека дури и во македонската влада има членови кои не се согласуваат со ваквите ставови, а во парламентот е невозможно да се донесе таков став бидејќи постои опасност јавноста во таков случај да ги растури и парламентот и владата, а оние партии кои би се обиделе тоа да го спроведат дефинитивно би пропаднале на изборите. Доминира вистинскиот јавен став за окупацијата на Македонија од страна на фашистичката бугарска армија и државна администрација и за востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор заедно со југословенските народи во борбата против доминацијата на Хитлер, а слуга на Хитлер беше бугарскиот фашистички окупатор во Македонија. Во тој период се пролеа премногу крв и беа извршени премногу злосторства. Македонскиот народ не може само така да ги проголта овие лаги. Сепак, Заев даваше разни изјави, како што реков, и тие негови изјави дојдоа како резултат на природата на преговорите во оваа фаза. Всушност, земјата кандидат во оваа фаза нема право да каже какви се нејзините ставови. Сè одеше добро до крајот на септември и почетокот на октомври. Потоа дојде таканаречениот меморандум од Бугарија. Во тој меморандум се е прекроено и има многу лаги и глупости. Идејата за одвојување на македонскиот од бугарскиот за време на Југославија е исто така лага, бидејќи ставовите на Југославија ги градеа сите југословенски народи, вклучително и македонскиот. Напротив, сегашната политика на бугарската влада грубо ги разделува македонскиот и бугарскиот народ и ги спротивставува едни на други, вели Андов.
На прашање како може да се надмине бугарската блокада за С Македонија, Андов вели дека ако одлучува самата бугарска Влада, тогаш е невозможно да се дојде до задоволително решение. Но, како што вели, очигледно е дека нема расположение во ЕУ да ја остави одлуката во рацете на бугарската влада.
„Македонската влада и Македонија не се во позиција да одлучуваат сами. Но, сега е јасно дека ставот на Бугарија ја блокира политиката на проширување на ЕУ со Западен Балкан. Поентата е дека ниту една друга земја не се спротивстави на овие три земји (Чешка, Словачка, Австрија н.з.). Бугарската влада не се осмелуваше да инсистира понатаму, бидејќи виде опасност секој да се изјасни, како и чешката, словачката и австриската влада. Така, во рамките на Унијата и беше зададен удар на оваа бугарска политика”, вели Андов.