Во литературниот свет се појавија многу автори, кои направија „бум“ со нивните книги, кои доживеаја милионски тиражи. Трилер, романса, мистерија, фикција, се најпопуларните жарнови кај македонската читателска публика. Но, тука се и класиците, кои очигледно имаат „уште што да кажат“, иако некои примероци се стари и по еден век.
Сепак и покрај тоа, останува отворено прашањето: што читаат луѓето од Македонија и колку од тие дела поседуваат вистински квалитет?
За нашиот писател и книжевен теоретичар, Венко Андоновски, радува фактот што воопшто се читаат книги, во ова време на дигитализација. Иако како што вели, голем дел од таа литература е кич.
„Тоа е лесна, пред сѐ забавна книжевност, кич кој лесно се вари, еден вид литературна естрада која се чита на плажа, а често и се остава таму, како и по аеродромите, возовите и автобусите. Но добро е ако воопшто и тоа се чита. Иако, за човек кој има прочитано макар и една добра книга, тоа е навистина книжевност на пластичните цветови“, смета нашиот писател.
Јорданчо Цветаноски
Фото – Томислав Георгиев