Љупчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на министерот Наќе Чулев, во телефонски разговор за ТВ24 потврдил дека на 3 јуни бил во друштво на Христијан Мицкоски во затворениот дел во „Винотека“.
„Не бевме вечерта таму, преку ден кратко се задржавме околу половина час, или еден час некаде. Не бевме таму за седнување требаше нешто да видиме. Точно е бевме со Христијан Мицкоски и уште еден пријател кој не е Ален Зекиров како што се шпекулираше во јавноста. Винаријата е посбен објект. Ќе си ја платам казната ако треба, јас се чудам како до сега не не ставија во притвор,“ вели Андоновски за ТВ24.
На 26 мај Владата донесе Одлука со која ги дополни мерките и протоколите за отворање на угостителските објекти.
Се дозволува работа само на отворените делови- терасите од кафетериите кои се отворени од три страни со кровна конструкција, стои во Одлуката.