Андоновски: Ќе го забраниме ТикТок ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса

by Fokus

Ако некоја појава од инцидент прераснува во пракса тогаш стои на располагање алатката за забрана, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во одговор на прашањето дали се разгледува можноста за забрана на платформата Тик-ток, по најновиот опасен предизвик за децата – „Парацетамол“.

Според Андоновски, најавата на албанскиот премиер Еди Рама да го забрани ТикТок во Албанија, е ад хок однесување, кое прави повеќе штета отколку напредок во функционирањето на државите.

„Ние имаме малку поразличен пристап, како што видовте со онлајн игрите на среќа. Кога е забележано дека тоа претставува проблем за поширок круг на граѓани, ние пристапуваме кон законски измени и кон забрана на пристапот на онлајн игрите на среќа коишто се нелегални. Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика, како што стануваат нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе пристапиме кон забрана“, рече Андоновски.

Тој потсети дека пред две недели министерството доставило до училиштата упатство зво кое се дадени предлози за заштита на најмладите од предизвиците на интернет. Во однос на тоа дали се користат предложените апликации, Андоновски рече дека тоа не е обврска на училиштата и на министерството, туку домашна задача за родителите.

Поврзани новости