Андоновски: Бугарија не е сама во блокадата кон Македонија

by Фокус

За разлика од тоа како не лажеше СДСМ, Бугарија не е сама во блокирањето, односно постигнат е консензус на ниво на земјите членки со кои што не се овозможува отворање на преговорите односно отпочнување на првата меѓувладина конференција, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Втор аспект за неотпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија е тоа што билатерални прашања помеѓу Македонија и Бугарија со договорот за добрососедство се ставени сега да бидат услов за отпочнување на преговори, а потоа за отворање на секое поглавје поединечно. Вториот аспект е аспектот на историјата кој што се става во рамки на заклучоците, односно во рамки на проширувањето и тука за жал не би бил оптимист голем дека Бугарија не би имала таква можност – рече Андоновски на Телма.

Според него, неотпочнувањето на преговорите е сериозен ќорсокак за државата во однос на интеграцијата.

 

Поврзани новости