Во посебни соби под клуч се ставени фрижидерот и комората во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде се чуваат реагенсите за детекција на голем број болести. Ова денеска за ТВ Сител го потврди в.д. директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, посочувајќи дека ќе се врши постојана контрола, односно евиденција кој влегува во тие соби, кој зема и колку зема од тие реагенси, откако пред нееколку дена овие апарати беа исклучени од струја.
Тоа значи, според в.д. директорката дека земањето реагенси за докажување на голема кашлица, правење антибиограм или уринокултура ќе биде детално евидентирано.
Земањето материјали за докажување на голема кашлица, правење антибиограм или уринокултура ќе биде детално евидентирано.
„Ги ставивме под клуч, постојат луѓе што се посебно овластени со реверс за тие клучеви. Воедно ќе се врши постојана контрола, односно постојана евиденција кој влегува во тие соби, кој зема и колку зема од тие реагенси, онака како што практично требало да биде досега“,
вели Андоновска.
Пред да ги воведе овие мерки, според Андоновска, фрижидерот што беше исклучен од струја се наоѓал во ходник каде поминувале голем број на лица и никој не бил задолжен за негово чување.
„Барав евиденција кој можее да зема од тие реагенси. Тие не воделе таква евиденција. Не можам да тврдам дали се земало и се злоупотребувало, затоа моја работа е сега да се воведе ред и отсега точно ќе се знае кој зема, колку зема и од она што имаме како реагенси каде ќе заврши и за што“, рече таа.
Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство, како и од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција направиле увид, но и разговор со повеќе лица во Институтот за јавно здравје, откако во цетвртокот таму беа исклучени фрижидер и комора во кои се чуваат реагенси.
Обвинителите добиле и прелиминарен записник од Институтот за констатираната состојба.
Од ИЈЗ вчера соопштија дека готов е и стручниот извештај кој покажал дека и покрај прекинот на струја, сите реагенси во фрижидерите се функционални.
Настанот се случи во средата, во одделението за бактериологија, кога непосредно по истекот на работното време вработени ја известиле директорката дека исклучени од струја се фрижидер и една комора со реагенси.